x

Навики со кои го уништувате вашиот смартфон

Категорија: Совети Објавено на 15 Декември, 2021 од GSM.mk

Паметните телефони траат од 2 до 10 години, зависи од моделот и од начинот на кој го користите. Ако го заштитите од оштетување, ако паметно ја користите батеријата и ги ажурирате своите апликации, ќе го користите подолго време.

Никогаш не користете метални игли за чистење на приклучокот за полнење

Металните предмети како што се игли и ножеви можат да го изгребат приклучокот на вашиот смартфон и да ви предизвикаат повеќе проблеми. Може да го истистите приклучокот со чепкалка, но внимателно.

Не оставајте го телефонот изложен на сонце

Никогаш не го полнете телефонот покрај прозорец бидејќи кога телефонот е изложен на сонце се успорува процесот на полнење. Во најлошиот случај, вашиот смартфон може да прегрее и да се исклучи за да се заштити.

Не допуштајте батеријата да дојде до 0% пред полнење

Најдобро е да го вклучите телефонот да се полни кога е на 20%. Никогаш не смеете да дозволите да дојде до 0% пред да го наполните, а доколку го полните кога има повеќе од 80% може да се оштети батеријата.

Не ставајте го телефонот под вода иако пишува дека е водоотпорен.

Некои произведувачи ќе кажат дека вашиот смартфон може да биде под вода. Во ред е доколку се наводени на дожд, но не е паметно да го држите под вода.

Не го полнете телефонот преку ноќ

Произведувачите на мобилни телефони, како што е Apple, велат дека е штетно да го оставите телефонот да се полни преку ноќ бидејќи ќе престане да се полни кога достигне 100%. Повеќето произведувачи велат дека е најдобро да го наполните телефонот до 80% што нема да се случи ако е вклучен цел ноќ.

Не користете средства за чистење за чистење на екранот

Ако се прашувате дали може да користите средство за чистење на прозорец, одговорот е не. Амонијакот може да го уништи вашиот екран. Затоа може да го исчистите смартфонот со малку вода и мека крпа и нежно да го избришете смартфонот.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.