x

Не мора да зимате кредит за нов телефон: Топ 3 евтини смартфони

Категорија: Занимливости Објавено на 15 Октомври, 2020 од GSM.mk

Како што флегшип телефоните поскапуваат, така се „распламтува“ и борбата на пазарот за оние поевтините.

Уредите од прва и средна класа стануваат сѐ подобри, па нема причина зошто да не одберете поевтин модел и да заштедите.

Честопати разликата помеѓу најскапите и сите други модели се сведува главно на подобри камери или спецификации како поголем екран и поквалитетно куќиште.

Сепак, се поставува следното прашање: Дали просечниот корисник може да ги забележи сите овие финеси? Главно не.

Повеќето луѓе го користат телефонот за секојдневни, „обични“ работи и не им треба специфична функција што ја имаат само флегшип моделите. Ако не сте подготвени да потрошите 1.000 евра или повеќе за нов уред, нема потреба да земате кредит за да купите квалитетен смартфон.

Android Central избра неколку добри евтини мобилни телефони (најскапиот на оваа листа чини околу 350 евра, што можеби се граничи со уред од средната класа).

1. Motorola G8 Power

Power во името на телефонот се залага за својата најдобра карактеристика - батерија од 5.000 mAh што трае и трае. Покрај солидниот дизајн и повеќе од солидни карактеристики за тие пари (Snapdragon 665, 4 GB RAM и сл.), Moto G8 Power е одличен избор.

2. Samsung Galaxy A71

Најголемата предност на моделот Galaxy А71 се камерите. Заедно со пристојната трајност на батеријата, како и AMOLED екранот, ова е еден од моделите на кои вреди да се обрати внимание. Што се однесува до камерите, има четири: главна од 64MP, широкоаголна од 12MP, 5MP макро и 5MP портрет камера.

3. Nokia 5.3

Nokia произведува солидни мобилни телефони кои не чинат многу, а овој модел е само еден од нив. Од дизајнот, преку Android One (кој ветува ажурирања до 2022 година), сè до чипсетот (Snapdragon 665), зборуваме за фин модел за скромна цена, наменет за корисници кои немаат многу барања од смартфонот.

Кој модел до 350 € би го препорачале Вие? Пишете ни во коментар.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.