x

Неофицијално: Куќиштето на iPhone 5C?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Август, 2013 од GSM.mk

Се очекува Apple да ни ги прикаже новите модели на iPhone на 10-ти септември, па дали дотогаш можеме да чекаме и да се воздржиме од шпекулации? Секако дека не...

На сликата го гледате можното задно куќиште на поефтиниот iPhone, кој најверојатно би ја носел ознаката 5C (т.е. „пет Ц“). Според изворите, овој телефон би бил драстично поефтин од оригиналниот модел, а целта е да се освојат пазарите со низок доход, како на пример Индија или ете...Македонија.

Куќиштето е пластично, најверојатно ќе доаѓа во повеќе бои и скоро 90% ќе биде дел од новите телефони. Можеме да го тврдиме ова бидејќи полека започна да се појавува од голем број на кредибилни и проверени извори, што значи дека каде што има чад, има и оган. Но, дали го бива?

Според нас, iPhone-от никогаш не бил замислен како „ефтин“ телефон. Без разлика дали ја оправдувате цената или не, визијата на покојниот Steve Jobs секогаш беше да се понуди најдоброто, без компромиси. Овој телефон би вклучувал голем број на компромиси, со што би можел да се загрози и самиот бренд. Доколку оригиналниот модел (iPhone 6 или 5s) чини 499 долари, тогаш поефтината варијанта веројатно би се продавала за 349 долари или евентуално 299 долари. Со тоа би добиле послаб процесор, помалку RAM итн...

Дали би го купиле iPhone 5C или едноставно тие пари ќе ги потрошите за некој еквивалентен (ако не и подобар) телефон со Android оперативен систем?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.