x

Неверојатен концепт: iPhone 8!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Ноември, 2014 од GSM.mk

Новите iPhone 6 и iPhone 6 Plus можеби неодамна се најдоа во продажба, но веќе имаме концепти за идните модели. Овојпат, не се фокусираме на iPhone 7, туку одиме две години во иднината и неверојатниот iPhone 8...

Овој концепт претпоставува дека ќе видиме уред кој изгледа футуристички во наредните две години. Редизајнот е базиран на минатите модели на iPhone, поконкретно iPhone 4, и навистина изгледа прекрасно. 

Ова дело е креација на Steel Drake и ни прикажува што би можеле да очекуваме од Apple во блиска иднина. Перформансите се очекувани - quad-core A10 процесор со octa-core графички процесор, 4GB RAM и неверојатна 20 мегапикселна iSight камера.

Секако, тука би бил и скенерот на отпечатоци, но немојте да бидете изненадени доколку видиме и ретина скенер во иднина.

Уживајте во галеријата и кажете ни дали ви се допаѓа iPhone 8 во коментарите!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.