x

Неверојатен профит: Колку пари има направено Pokemon Go?

Категорија: Занимливости Објавено на 18 Април, 2019 од GSM.mk

Возбудата околу Pokemon Go, игра која прв пат беше претставена во 2016 година, досега се има значително намалено. Но, благодарение на нејзиниот успех компанијата направи неверојатен профит:

Аналитичката фирма Sensor Tower најави дека Pokemon Go има направено профит од 2.45 милијарди од своето претставување - најголем дел од профитот кој го имаат направено сите мобилни Pokemon игри досега за Android и iOS.

По неа, на второто место се најде Pokemon Shuffle, со профит од 25 милиони долари. Други поважни Pokemon игри кои вредат да се спомнат се Pokemon Duel, Pokemon Quest, Pokemon: Magikarp Jump и Pokemon TCG Online.

Од 2014 година, 640 милиони корисници имаат инсталирано Pokemon игра на својот смартфон, додека само Pokemon Go е заслужна за 550 милиони од тие симнувања. Pokemon Duel е следна, со 39 милиони корисници.

Интересно е што Америка е "полнa" со Pokemon фанови - 875 милиони долари или 35% од парите потрошени на Pokemon Go на глобално ниво. 725 милиони долари, или 29% од Pokemon Go заработката доаѓаат од Јапонија, каде и беше произведена играта.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.