x

Никој не го прашува Трамп: Бајден ќе го добие претседателскиот профил на Twitter

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 23 Ноември, 2020 од GSM.mk

Twitter ќе му ја предаде контролата врз претседателскиот профил @POTUS на Џо Бајден откако тој ќе ја положи заклетвата како нов американски претседател, дури и ако Доналд Трамп не признае пораз, објавија американските медиуми.

Приватниот профил на Трамп @realDonaldTrump, со околу 88 милиони следбеници, стана едно од најмоќните оружја на Трамп за јавно оспорување на резултатите од изборите, а официјалниот претседателски профил @POTUS се користи главно за пренесување на неговите објави од приватниот, а има околу 32 милиони следбеници.

URL

По инаугурацијата на Бајден, Трамп ќе смее да продолжи да го користи приватниот профил, но ќе ги изгуби специјалните заштити што ги има благодарение на статусот на светски лидер. Twitter претходно соопшти дека, откако Трамп „ќе се симне од функцијата“, тој ќе се однесува кон неговиот приватен профил како и со сите други од кои се шират неточни информации.

Социјалната мрежа долго време беше под притисок да ја ограничи употребата на платформата од страна на Трамп за ширење на теории на заговор и дезинформации.

Вчера се огласи и Faceebok, соопштувајќи дека ќе го предаде официјалниот профил POTUS на следната администрација.

„Во 2017 година соработувавме и со администрацијата на Обама и со новата администрација на Трамп за да обезбедиме глатка транзиција на нивните профили на Facebook и Instagram почнувајќи од 20 јануари, па очекуваме дека истото ќе се случи и овојпат“, рекоа од компанијата за Reuters.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69

https://gsm.mk/">

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Undefined offset: 5

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69