x

Nintendo подготвува нова Pokemon игра за Android и iOS!

Категорија: Забава Објавено на 20 Мај, 2019 од GSM.mk

Како што беше очекувано, со новиот филм, Nintendo подготвува и нова Pokemon игра за iOS и Android уредите..

Играта е наречена Pokemon Rumble Rush и е веќе достапна за Android корисниците во Австралија. На другите места од светот ќе стигне подоцна.

Како и кај досегашните Pokemon игри каде треба да наоѓате мали суштества со вашиот телефон, Rumble Rush повторно ги испраќа играчите да истражуваат непознати острови и битки со Pokemon сушстества кои треба да се приклучат на нивниот тим. Како што ќе ја прошируваат својата колекција, така ќе можат да собираат се појаки покемони.

Иако ќе биде бесплатна за симнување, како и сите досегашни игри ќе има делови кои понатаму ќе бараат плаќање од корисниците.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.