x

Nintendo потврди: Има нова Switch конзола

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 21 Јуни, 2022 од GSM.mk

Nintendo потврди дека има нова Nintendo Switch конзола за да спречи хакерски модификации кои го таргетираат популарниот гејминг систем.

Засега не е познато кога била објавена оваа нова верзија на конзолата, ниту какви хардверски промени добила. Нејзината објава беше потврдена за време на судењето на хакерот Гери Баузер од Team Xecuter Group.

Судењето заврши со изрекување на 40-месечна затворска казна за Баузер, а се појави и документација од овој случај која открива некои детали, меѓу кои и споменатата конзола.

„ Nintendo мораше да објави нова верзија на својот хардвер како одговор на хакерската алатка, а оваа модификација бараше безброј часови инженеринг и подесување на нашиот глобален синџир на производство и снабдување, и секако соодветни ресурси“, се вели во соопштението на Nintendo.

„Да бидеме јасни, овие ефекти се директен резултат на нападите на Баузер и Team Xecuter врз нашите мерки за заштита на технологијата.

Nintendo истакна дека е агресивен со тужбата и дека со голема сериозност го третира овој спор, за да испрати порака. Не се посочува кога е пуштен во продажба новиот модел, но се претпоставува дека тоа можеби се случило во 2018 година.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.