x

Nokia 5.1 Plus: Дуален систем камери и целосен дисплеј

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Јуни, 2018 од GSM.mk

Иако претстави три нови уреди пред помалку од месец дена, HMD Global веќе има планови за претставување на повеќе смартфони..

По претставувањето на Nokia 5 и Nokia 5.1, HMD планира да претстави уште еден Android уред од средната класа, наречен Nokia 5.1 Plus. Благодарение на OnLeaks, веќе имаме концепт фотографии од можниот изглед на смартфонот - дуален систем камери и дисплеј како iPhone X.

Токму поради дизајнот на дисплејот, големи се шансите да биде претставен  на глобално ниво, како одговор на позитивната реакција која ја доби Nokia X6. Во однос на спецификациите на Nokia 5.1 Plus не се познати многу информации, но знаеме дека неговите димензии ќе бидат 149.5 x 71.9 x 8mm. Истотака, се зборува дека ќе доаѓа со голем, 5.7 инчен дисплеј и MediaTek Helio P23 процесор. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.