x

Nokia 5.1 Plus: Спецификации

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Јуни, 2018 од GSM.mk

Минатата недела, HMD Global откри дека работи на поголема и подобра верзија од Nokia 5.1, наречена Nokia 5.1 Plus. Сега, една недела подоцна, на TENAA се појавија спецификации на уредот..

Почнувајќи од процесорот, уредот доаѓа со MediaTek Helio P18, истиот процесор кој се наоѓа во регуларниот Nokia 5.1. Процеосорот ќе биде придружен од 3GB, 4GB или 6GB RAM и 32GB или 64GB меморија. Ќе работи на Android 8.1 Oreo и батерија од 3000mAh.

Oд надворешниот изглед, знаеме дека вклучува LCD панел од 5.8 инчи со висок 19:9 сооднос. Селфи камерата е од 8 мегапиксели, додека задната е од 13 мегапиксели. 

Според претходните најавувања на HMD Global, Nokia 5.1 Plus го очекуваме на крај од август во сина, црна и бела боја. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.