x

Nokia 6.2: Разумна цена и солидни спецификации!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 19 Октомври, 2019 од GSM.mk

Од 2017-та па досега, веќе има 13 нови Nokia телефони со цени од 40 до 450 долари. Но, иако листата е веќе долга, всушност можеме да додадеме уште еден нов смартфон:

Станува збор за Nokia 6.2 кој е уред од средната класа со 6.2 инчен дисплеј и цена од 200 долари. Официјално ќе биде достапен од 28 октомври во две нијанси - црна и сина.

Како што кажува самото име, ова ќе биде "послаб" модел од Nokia 7.2 и ќе има поскромен процесор, Snapdragon 636, како и селфи камера од 8 мегапиксели. Сепак, на задниот дел ќе има систем од три камери кој ќе бидат од 16, 8 и 5 мегапиксели. 

Од друга страна, Nokia 6.2 и 7.2 имаат и доста слични работи. Најпрво, го имаат истиот IPS LCD панел со резолуција од 2280 x 1080 пиксели, заедно со notch. Во внатрешноста се наоѓа батерија од 3,500mAh, 4GB RAM и, се разбира, Android One софтвер со Android 10 update.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.