x

Nokia 8.1 Plus: Дупка во дисплејот и дуален систем камери

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јануари, 2019 од GSM.mk

Во Европа, цената на Nokia 8.1 е околу 400 евра и спаѓа во територијата на уреди од средната класа. Истовремено, Nokia 9 PureView има висока цена од 800 евра, која не секој може да си ја дозволи. За среќа, Nokia наскоро ќе ја "намали" оваа разлика..

Станува збор за Nokia 8.1 Plus, смартфон кој го очекуваме во втората половина од годината и повторно ќе биде уред од средната класа, но со помоќни спецификации.За разлика од досегашните уреди на Nokia кој доаѓаа со познатиот "notch" дизајн, 8.1 Plus ќе има дупка во левиот горен агол од дисплејот, наменета за селфи камерата, како и речиси невидливи рамки од страните. Панелот ќе биде 6.2 инчен.

Преминувајќи на задната страна, ќе се наоѓа вертикално поставен дуален систем камери со ZEISS Optics леќи и dual LED блиц. Скенерот за отпечатоци ќе се наоѓа веднаш под камерите. Ќе работи на Android 9 Pie и Snapdragon 710.


Nokia 8.1 Plus најверојатно ќе биде најавен за време на MWC 2019 настанот, заедно со уште неколку други уреди под Nokia брендот. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.