x

Nokia 8.2 5G: 64 мегапикселна камера, голем екран и достапност во 2020 година!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Октомври, 2019 од GSM.mk

Nokia работи на 5G варијанта од еден свој уред која ќе биде претставена во 2020 година...

Станува збор за Nokia 8.2 5G кој ќе има импресивен систем од 4 камери на задниот дел, заедно со селфи камера на лизгање. Токму поради камерата на лизгање нема да има потреба од notch и ќе доаѓа со голем панел. Се разбира, како што кажува самото име, ќе поддржува 5G конекција. 

Според информациите кои се појавија познато е дека главната камера ќе биде од 64 мегапиксели. Сите сензори ќе бидат произведени од ZEISS. Претставувањето на Nokia 8.2 5G ќе биде во 2020 година, за време на MWC настанот во февруари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.