x

Nokia ќе претстави телефон за кој нема да ви биде потребна заштитна маска

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Јули, 2021 од GSM.mk

Објавен е рендер за новиот смартфон на Nokia на кој се гледа само кружниот модул за камери за Zeiss блендирање кој содржи 4 сензори и ЛЕД блиц.

Дизајнот е сличен на Nokia X20, иако според гласините станува збор за робусна верзија на истиот модел со назив Nokia XR20.

Кога станува збор за спецификациите, се очекува дека Nokia XR20 ќе има слични спецификации како Nokia X20, но со некои мали разлики.

Смартфонот ќе добие 6,7-инчен екран со FHD+ LCD панел со резолуција 2400х1080. Ќе го напојува Snapdragon 480 процесор.

Најверојатно ќе има 4 камери, главната камера ќе има 48 MP или 64 MP.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.