x

Nokia Mobile закажа настан за 29 мај: Пристигнуваат голем број промени

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 29 Мај, 2018 од GSM.mk

Финската компанија сподели дека планира да претстави голем број новитети на настанот закажан за 29 мај..

Настанот закажан за 29 мај беше зборуван од страна на извршниот директор на HMD Global, кој вели дека "компанијата има нови работи кои сака да ги сподели". Наречен “#ChargedUp,”, ќе се одржи во Москва, Русија. Уште поважно, сите оние кои ја следат Nokia Mobile страната на Facebook ќе може да го гледаат во живо настанот.

Сеуште не е познато дали компанијата ќе претстави нови смартфони и други уреди, или пак ќе го направи глобално достапен Nokia X6, иако е рано за тоа. HMD и Nokia X6 деновиве се доста популарни, откако уредот кој е достапен само во Кина се распродаде за само неколку секунди. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.