x

Nokia најави телефон со мега дисплеј: Дали станува збор за Nokia 7.1 Plus?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Октомври, 2018 од GSM.mk

Nokia најави некаков уред со "мега дисплеј", а големи се шансите да станува збор за Nokia 7.1 Plus. Да се запознаеме подетално со случајот:

Пред само неколку дена, Nokia официјално го најави својот ноб Android One телефон во Америка - Nokia 7.1, уред од средната класа со солидни спецификации. Една од неговите највпечатливи карактеристики беше 5.8 инчниот HDR10 дисплеј, кој не е нешто што сме навикнати да го гледаме кај смартфоните од средната класа. Покрај дисплејот, Nokia 7.1 нуди и низа други моќни карактеристики, како Snapdragon 636, 3/4GB RAM, 32/64GB меморија, како и дуален систем камери и на задната и на предната страна. 

Најавата за која станува збор беше постирана на официјалната страна на Nokia India, а по кратко време избришана. На постерот се забележува смартфон, кој најверојатно е Nokia 7.1 Plus, а над него пишува "наскоро пристигнува мега дисплеј".

Според претходните шпекулации, 7.1 Plus го очекуваме со 6.1 инчен дисплеј, што и не е толку голем во однос на останатите смартфони на пазарот, особено кога веќе се запознавме со 6.5 инчни iPhone модели и 6.4 инчни Galaxy уред. Сепак, во однос на претходно претставените телефони од страна на HMD Global, станува збор за голем уред, кој најверојатно ќе нуди и моќни спецификации. Останува да видиме. 

A screenshot of Nokia India's deleted tweet

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.