x

Nokia X6 со дуален систем Zeiss камери доаѓа на 27 април!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 25 Април, 2018 од GSM.mk

Изгледа дека гласините за произвдоство на нов Nokia X смартфон се точни, бидејќи HMD Global се подготвува за голема најава наскоро..

Според новите информации, HMD планира да најави нов Nokia смартфон на 27 април кој ќе биде наречен Nokia X6. Да, ќе го има истото име со Nokia X6 кој се појави на пазарот пред речиси 10 години, и исто како него, ќе биде уред од средната класа. 

Наводно, ќе бидат достапни две верзии од Nokia X6 - едната ќе доаѓа со Snapdragon 636, а другата со MediaTek P60 процесор. Една од најинтересните карактеристики кај уредот ќе бидат двете камери на задната страна со Zeiss леќи. Дисплејот ќе биде 5.8 инчен со 19:9 сооднос, а процесорите ќе бидат придружени од 4GB или 6GB RAM. 

Новиот Nokia X6 ќе биде комбинација од Nokia 6.1 и Nokia 7 Plus, што значи дека ќе чини 255 долари (4GB модел) и 285 долари (6GB модел). Но, доколку биде претставен на други места освен Кина, веројатно ќе биде малку поскап. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.