x

Note 10 доаѓа со нов 7nm Exynos процесор со иста технологија како Snapdragon 865

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Јуни, 2019 од GSM.mk

Samsung планира да ја произведе новата Note 10 серија со нов и модерен дизајн, како и еднакво нови и моќни спецификации во внатрешноста..

Според корејските медиуми, Samsung и Qualcomm веќе го планираат производството на новиот Snapdragon 865 чип со 7nm EUV метод, а производството ќе започне до крајот на годината.

Иако Samsung ја прескокна првата 7nm генерација со која TSMC ги произведе A12 на Apple и Snapdragon 855, ваквата технологија планира да ја имплементира во очекуваната Note 10 серија.

За жал, 7nm EUV Snapdragon 865 сеуште ќе биде произведен во две верзии - една со 5G модем и една без.

Покрај ова производство, Samsung веќе ги започна и плановите за другиот Exynos процесор со кој ќе се појават уредите во Европа. Интересно е што ќе бидат дизајнирани со истиот 7nm EUV метод. Според тоа, ова ќе биде вториот ваков чип за кој сме слушнале досега, после сегашниот X50 5G модем на Qualcomm.

Exynos 9820 со кој доаѓаат Galaxy S10 уредите е произведен преку 8nm процес, но изгледа дека Note 10 ќе биде првиот уред со EUV процесор. Бидејќи и Exynos и Snapdragon верзиите од Note 10 ќе доаѓаат со речиси иста технологија, едвај чекаме да видиме како ќе изгледаат нивните перформанси споредени едни со други.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.