x

Нов скандал: Facebook во проблеми поради споделување на приватноста на своите корисници

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Февруари, 2019 од GSM.mk

Во 2018 година, Facebook наиде на голем број критики поради несоодветно чување и раководење со приватноста на своите корисници. Во новата година, проблемите продолжуваат..

Големиот план за 2019 година на Mark Zuckerberg е да ги искомбинира Facebook Messenger, WhatsApp и Instagram во еден голем сервис за комуникација, кој ќе биде конкуренција на iMessages. Но, уште на самиот почеток на проектот, компанијата наиде на скептицизам од страна на регулаторните власти.

Една ваква агенција наречена Bundeskartellamt веќе ги сподели своите грижи за планот на Facebook да ги искомбинира податоците на своите корисници од различни извори. Ваквите планови нормално ќе се влошат, доколку компанијата реши да ги спои трите најголеми социјални мрежи во светот, иако корисниците ќе бидат известени за податоците кои ќе им бидат земени.

Доколку не добие согласнот, Facebook ќе треба "значително да го ограничи собирањето и комбирањето на податоците". Со други зборови, информациите кои се наоѓаат во Instagram и WhatsApp ќе останат во тие апликации.

Од друга страна, никој не и забранува на компанијата да ги користи податоци на своите корисници, се додека тие се добро информирани за нејзините намери. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.