x

Нов скандал на Facebook: по грешка одблокира 800.000 блокирани корисници

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Јули, 2018 од GSM.mk

Ако блокирате некого на Facebook, обично сакате така и да остане, барем додека самите не одлучите поинаку. Меѓутоа, нештата не функционираат баш така во виртуелниот свет.

Социјалната мрежа Facebook соопшти дека околу 800.000 корисници биле зафатени од грешка во кодирање што доведе до незабележитално одблокирање на дел од блокираните корисници.

Информацијата за овој пропуст беше објавена дури сега, а „багот“ бил активен од 29 мај до 5 јуни, наведуваат од Facebook.

Оттаму се бранат дека „багот“ одблокирал само еден корисник на 80% од корисниците, без да ја наведе точната бројка на ненамерно одблокирани корисници.

Треба да се напомене дека „багот“ не ги „спријателил“ повторно корисниците со блокираните, дури и во случаи кога биле пријатели на социјалната мрежа пред блокирањето.

Тоа значи дека ништо од она што го објавувале корисниците јавно не било видливо за контактоите кои тие денови биле одблокирани.

Меѓутоа, во овој период одблокираните можеле да праќаат покани за пријателство на оние кои претходно ги блокирале како пријатели на FB или контакт на Месинџер.

Иако Facebook за овој скандал даде многу малку информации, без да каже конкретно која била причината за грешката, се очекува барем да ги извести корисниците кои биле засегнати со пропустот.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.