x

Нов скандал за Samsung: Панелот на Galaxy Fold се крши при виткање!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 23 Април, 2019 од GSM.mk

Новиот Galaxy Fold треба да ја претставува иднината на смартфоните и таблетите. За жал, само два дена по неговата продажба корисниците започнаа да се жалат од него..

Се разбира, на почетокот првите рецензии за уредот дојдоа од големи портали, како The Verge и CNBC кои за жал, имаат катастрофално искуство со уредот. Како и сите други, Dieter Bohn од The Verge го добил смартфонот минатата недела и веднаш забележал мала нерамнина на средината од панелот. Само неколку дена подоцна, нерамнината се проширила и започнале да се појавуваат мртви пиксели низ целиот среден дел.

Покрај оваа објава, Mark Gurman кој пишува за Bloomberg имаше уште поголеми проблеми со уредот. Во неговиот случај, пикселите на панелот полека започнале да стануваа црни. За само една ноќ, повеќе од пола дисплеј бил целосно црн. Како дополнување на тоа, Gurman изјави дека и при допирање на екранот со неговиот прст остануваат отпечатоци кои се постојано забележливи.

За жал, Samsung сеуште нема никаква изјава за скандалот. Како и да е, сигурни сме дека корисниците се и повеќе од револтирани што потрошиле 2,000 долари на уред кој работи половично и има проблеми со неговата најуникатна карактеристика - дисплеј на преклопување.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.