x

Нова Android и iOS апликација која може да помогне во спречувањето на ширењето на COVID 19!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 23 Март, 2020 од GSM.mk

Компанија од Сингапур работи на нова апликација која може да и помогне на владата да го спречи ширењето на Корона вирусот...

Станува збор за апликација наречена TraceTogether која преку Bluetooth може да се конектира со уреди кои се на далечина од околу 2 метри. Секоја средба ќе биде зачувана на секој телефон кој ја има апликацијата.

Кога одредена личност е потврдено дека е заразена со вирусот, Министерството за здравство ќе побара информација да биде пратена од телефонот до нив. Со апликцијата, владата ќе може да ги следи луѓето кои биле во контакт со заразено лице и на тој начин да го спречи понатамошното ширење. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.