x

Нова мобилна игра базирана на Netflix серијата Narcos!

Категорија: Забава Објавено на 19 Јануари, 2020 од GSM.mk

Со дозвола од Netflix, компанијата Tilting Point ќе претстави нова мобилна игра базирана на Narcos серијата:

Играта е наречена Narcos: Idle Cartel и ќе биде достапна и за Android и за iOS уредите во 2020 година. Ова не е првата Narcos игра, но доколку не ви се допаѓале претходните, наскоро ќе може да ја пробате Idle Cartel. Во моментот, Android корисниците може да се пред-регистрираат преку Google Play Store, но iOS корисниците ќе мора да чекаат до нејзиното претставување.

Како што кажува самото име, играта ги става играчите во Narcos приказната, со цел да стигнат до врвот на картел бизнисот. Нема да шверцувате дрога, но ќе треба да изградите сопствен картел и да го направите успешен. 

1.jpg


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.