x

Нова Pokemon игра пристигнува ова лето за Android и iOS!

Категорија: Забава Објавено на 29 Јуни, 2019 од GSM.mk

Голем дел од компаниите се обидоа да го повторат огромниот успех на Pokemon GO, но ниедна AR игра не беше успешна во тоа....

Последната AR игра која беше претставена, Harry Potter: Wizards Unite, постигна само 4% од профитот кој Pokemon Go го направи во првиот ден. За среќа, изгледа дека наскоро ќе видиме нова Pokemon игра на Android и iOS уредите. Станува збор за Pokemon Masters, игра кој ќе биде претставена до крајот на летото.

Ова ќе биде првата Pokemon игра на компанијата DeNA, а во минатото компанијата помогна на Nintendo да произведе игри како Super Mario Run и Fire Emblem: Heroes. Во моментот работи и на уште една игра која ја очекуваме наскоро - Mario Kart Tour.

Pokemon Masters светот ќе се наоѓа на виртуелниот остров Pasio, каде тренерите ќе имаат само еден покемон. Со тек на време ќе може да се соединат со други тренери и да учествуваат во битки. Играта ќе биде бесплатна за симнување, а веројатно со тек на играњето ќе има работи кои се плаќаат.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.