x

Нова реклама: Оваа Apple iPhone функција уништува пријателства

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 26 Февруари, 2019 од GSM.mk

Apple сподели нова реклама на YouTube, која покажува дека една од функциите на новите iPhone XS и XR може да уништи пријателство...

Три жени седат на кафе и разговараат, додека една од нив им покажува портрет од нејзиниот син, направен со iPhone XR. Гледајќи ја фотографијата, една од жените забележува дека нејзиниот син е "отстранет" од сликата - "Дали го замагли мојот син?". Мајката која го држи уредот пробува да објасни дека нема никаков проблем, и може кога сака да го промени портретот и да го исчисти. Ова е новата bokeh функција која е достапна кај новите iPhone модели од 2018 година. 

Сопствениците на iPhone XS, XS Max и XR можат да ги променуваат своите портрети, да ги замаглуваат и променуваат позадините, како и целите фотографии, во било кој момент. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.