x

Нова реклама: Samsung повторно ги исмева Apple и iPhone X

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 20 Јули, 2018 од GSM.mk

По претставувањето на Galaxy S9 во Америка и насекаде низ светот, дознавме дека има една голема предност пред iPhone X - неговата брзина за симнување преку LTE мрежи. Сега, компанијата го користи овој факт како главна идеја во новата реклама..

Во видеото, Samsung се обидува да го прикаже типичното искуство во една Apple продавница. Станува збор за потенцијален iPhone X купувач, кој знае дека брзината на симнување е помала од онаа на Galaxy S9 и тоа го кажува на Apple продавачот. На ваквото прашање, вработениот останува без зборови и незнае како да одговори. Епа, Samsung препорачува на индиректен начин дека iPhone корисниците сепак треба да преминат на Galaxy брендот. 

Не сме сигурни дека вакво сценарио навистина би се случило во Apple продавница. Најверојатно не. Како и да е, ова не е прва реклама каде Samsung директно го исмева Apple брендот, особено iPhone уредите, при промовирање на новите Galaxy серии. Сигурни сме дека нема да биде ни последен пат. Видеото може да го погледнете тука:


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.