x

Нова секси поза за фоткање го освојува Instagram

Категорија: Забава Објавено на 20 Јули, 2018 од GSM.mk

Најнов хит за позирање ова лето што се покажува како многу популарен на Instagram е потпирањето на колена со исправени раширени нозе и извиен грб, лична на секс-позата „каубојка“.

Заборавете на „златното правило“ дека треба да седиш „како дама, со скрстени нозе“, овој летен тренд е токму спротивното – алудира и асоцира на секс и се чини ни ѕвездите не се имуни на него. Оваа поза прави да ви изгледаат нозете послаби, а градите и колковите побујни, додека стомакот е рамен.

Ким Кардашијан, Емили Ратајковски, Деми Ловато, Габриел Унион, Сара Хајланд и ред други веќе го пробаа овој тренд на големо задоволство на нивните следачи.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.