x

Нова тужба против Apple!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 23 Септември, 2019 од GSM.mk

Пред неколку дена, компанијата Aftechmobile поднесе нова тужба против Apple...

Во тужбата, компанијата тврди дека Apple има прекршено најмалку 28 точки од склучениот договор. Станува збор за апликација која дозволува креирање на  "custom shortcuts", комбинирајќи неколку чекори од различни апликации. Еден пример кој Apple го има искористено на својата страна е креирање на "shortcut" за вашиот пат до дома. 

Секоја задача користена за креирање на овој "shortcut" е наречена акција. Во тужбата, Aftechmobile ги нарекува овие акции т.н "pre-coded software components" и докажува дека Apple користи сличен опис за Shortcuts во својот патент. Инаку, оваа апликација во 2017-та година го доби официјалното име "Shortcuts" и од тогаш е достапна на сите уреди што во моментот работат на iOS 13 или iPadOS. 

Во моментот, Apple сеуште нема споделено официјална изјава во однос на случајот.  

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.