x

Новата апликација на Samsung овозможува споделување фајлови помеѓу платформи

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 15 Ноември, 2022 од GSM.mk

Samsung ја претстави новата апликација за споделување фајлови, наречена Dropship, како дел од пакетот апликации Good Lock.

Споменатата апликација ќе им овозможи на корисниците лесно да префрлаат фајлови на други телефони со Android, iOS уреди или на веб.

Апликацијата Dropship моментално е достапна за корисниците во Јужна Кореја, преку Galaxy Store. За да го инсталирате, потребен ви е Android 13 со интерфејс One UI 5.0.

Апликацијата овозможува пренос на фајлови со големина до 5 GB на дневна основа. За пренос на поголеми фајлови, Nearby Share или Quick Share е дефинитивно подобро решение.

Корисниците може да креираат линк за споделување, со фотографија на профилот и порака, а потоа да ја испратат до саканата личност. Испраќачот може да го постави времето на важност на линкот.


Процесот на споделување е главно едноставен. Испраќачот може да го избере фајлот и платформата на која ќе се испрати фајлот. Примачот може да ги напише последните четири броеви од споделената врска или да го скенира QR-кодот за да го преземе фајлот.

Она што е важно да се забележи е дека примачот не мора да има Dropship апликација или профил на Samsung.

Засега не е познато дали и кога апликацијата Dropship за споделување фајлови меѓу платформи ќе стане достапна за поголем број корисници.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.