x

Новата Instagram функција ги прави Story постовите позабавни!

Категорија: Забава Објавено на 10 Јуни, 2019 од GSM.mk

Се сеќавате на времето кога Instagram беше само за постирање фотографии со интересни филтри? Сега, апликацијата нуди многу други позабавни и поинтересни опции..

Во 2016, компанијата ги додаде Story постовите, а минатата година Instagram имаше повеќе од 1 милијарда активни корисници. Неколку години порано, во 2012, Facebook го купи Instagram и благодарение на буџетот кој го има за апликацијата, постојано се појавуваат нови функции кои го задржуваат вниманието на корисниците.

На пример, Instagram откри пред неколку дена дека сега корисниците ќе може да додаваат автоматски текст на песните кои ќе ги споделуваат на Story. За да го постигнат тоа, ќе треба да стават стикер за музика и да ја побараат посакуваната песна. Доколку е достапен текст за истата, корисникот ќе може да одбере меѓу различни фонтови и дизајни за зборовите. Истотака, ќе може да се одбере кој дел од песната сакаат да биде ставен. Откако некој ќе го отвори Story-то, текстот ќе се појави автоматски. Потоа, кога некој ќе кликне на текстот песната ќе се пушти и корисникот ќе може да дознае повеќе за артистот кој ја пее.

 Досега, корисниците можеа да ставаат музика на своето Story, но доколку посакуваа да биде ставен и текст, требаше рачно да го пишуваат сами. Функцијата е достапна за сите области каде може да се користи и стикерот за музика. Доколку откако ќе биде кликнат не се појави текст, тоа значи дека токму за посакуваната песна не постои.

Lyrics will now automatically start appearing on some Instagram Stories

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.