x

Нови фотографии од Google Pixel 3 XL: Модерен дизајн, голем дисплеј

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Октомври, 2018 од GSM.mk

По низа шпекулации, видеа и фотографии од изгледот и дизајнот на Pixel 3 XL, уредот повторно се појави, овој пат на слики пристигнати дури од Хонг Конг..

Како што беше очекувано, уредот има голем дисплеј, со минимални рамки околу него и дизајн како iPhone X. Од фотографиите се забележува дека, како и неговите претходници, ќе биде достапен во две нијанси, или на бела или на црна боја. Навраќајки се на дисплејот, очекуваме да биде со резолуција од 1440x2960 пиксели и отприлика 6.7 инчи. 

Во однос на внатрешните спецификации, ќе доаѓа со Snapdragon 845, 4GB RAM/64GB меморија и батерија од 3430 mAh. На задната страна ќе има една камера, од 12 мегапиксели, додека селфи камерата ќе биде од 8 мегапиксели.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.