x

Нови фотографии од изгледот на OnePlus 8 Pro!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 22 Јануари, 2020 од GSM.mk

OnePlus ќе претстави три нови смартфони во првата половина од 2020-та година. Еве како ќе изгледаат овие уреди:

Најпрво го имаме OnePlus 8 Pro кој ќе доаѓа со 6.7 инчен Super AMOLED дисплеј и резоуција од 1440 x 3140 пиксели. Во внатрешноста ќе се наоѓа Snapdragon 865 со 8GB RAM и 256GB меморија. На задниот дел ќе има 64 мегапикселна главна камера со 20 мегапикселен широкоаголен сензор и 12 мегапикселна камера за портрети. Истотака, ќе има и ToF сензор. На предниот дел ќе се наоѓа камера од 32 мегапиксели. Последно, батеријата ќе биде од 4500 mAh. Почетната цена ќе биде 750 долари. 

The OnePlus 8 Pro will feature a Time of Flight depth sensor on the back - OnePlus 8 Pro live photo shows the refresh rate choices that users will have

Помалиот OnePlus 8 ќе има 6.5 инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 1080 x 2400 пиксели и 20:9 тело-дисплеј сооднос. Би требало да бидат достапни 8GB RAM со 128GB меморија. Како и да е, ќе има и втора верзија со 12GB RAM и 256GB меморија. На задниот дел ќе се наоѓаат истите камери како кај OnePlus 8 Pro, само без ToF сензорот. Селфи камерата ќе биде повторно од 32 мегапиксели. Батеријата ќе има капацитет од 4000 mAh. И OnePlus 8 и OnePlus 8 Pro ќе бидат водоотпорни и ќе може да издржат до 1.5 метри под вода, 30 минути. Цената на OnePlus 8 ќе биде околу 530 долари. 

The OnePlus 8 Pro will give users three refresh rate options to choose from - OnePlus 8 Pro live photo shows the refresh rate choices that users will have

Оваа година, OnePlus ќе претстави и Lite верзија која ќе доаѓа со 6.4 инчен Super AMOLED екран со резолуција од 1080 x 2400 пиксели. Овој модел ќе има главна камера од 48 мегапиксели со 16 мегапикселна широкоаголна и 12 мегапикселна за портрети. Во внатрешоста ќе нуди 8GB RAM и 128GB меморија со батерија од 4000 mAh. Неговата цена ќе биде 430 долари.

Сите три модели ќе бидат претставени во првиот период од 2020 година. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.