x

Нови проблеми за телефоните Google Pixel 7

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Јануари, 2023 од GSM.mk

Иако во почетниот период по нивното претставување се чинеше дека Google ги направи телефоните Pixel 7 без многу грешки, се покажа дека не е така.

Корисниците на овие модели веќе се пожалија на одредени проблеми, но на проблемите се чини не им се гледа крајот.

Според најновите извештаи кои доаѓаат од корисниците на телефоните Pixel 7 и Pixel 7 Pro, овие два уреди имаат проблем со видеоповиците.

Корисниците на овие телефони пријавуваат лош квалитет на видео при користење на апликации како Google Meet, Telegram, Instagram и WhatsApp. Видеата делуваат „растегнати“ и „замаглени“, ако се користи предната и задната камера додека остварувате видеоповици.

Првично се мислеше дека проблемот е предизвикан од ограничувањата на квалитетот на видеото во апликацијата Google Meet, но не долго потоа, проблемот почна да се појавува и во други апликации.

Корисник на Reddit направи скриншотови за време на видеоповик на Google Meet на Pixel 7, iPad Pro 2018 и Pixel 3XL, каде најдобро се гледа проблемот што влијае на серијата Pixel 7.

Кон крајот на минатата година, корисниците на Twitter и Reddit се пожалија дека стаклото од модулот на задната камера на нивниот телефон почнало да пука, додека претходно телефоните имале сериозни проблеми поврзани со траењето на батеријата.

Така, XDA Developers открија дека екранот на телефонот Pixel 7 Pro троши невообичаено голема количина на батерија бидејќи неговата осветленост се зголемува до максимум. Откриено е дека батеријата на телефонот паднала за дури 10% по само 15 минути од вклучување на екранот.




Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.