x

Новиот апдејт на Viber носи 4 нови подобрувања

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 10 Јуни, 2021 од GSM.mk

Подобра организација на фотографии, пребарување, потсетник за важни датуми и нови групни повици.

Една од најпопуларните апликации за допишување во Македонија и во регионот доби нови опции кои значително го подобруваат корисничкото искуство.

Viber само што ги извести своите корисници дека пристигнати се новитети кај нивната апликација.

Во Viber веќе работеа на тоа како да овозможат групни видео-повици со до 30 корисници истовремено во еден повик. Корисниците кои ја користат оваа опција ќе можат да видат до шест други корисници на нивниот екран, но ќе можат да изберат кои корисници сакаат да ги гледаат (ако групниот повик има повеќе од шест членови) со лизгање на прстот на екранот на лево.

Постои и опција Viber Wishes која му овозможува на корисникот да обележи важен датум, а оваа услуга ќе го потсети кога е нечиј роденден, забава или целосно трет настан. Треба да се претплатите на оваа бесплатна услуга за да добиете личен асистент за специјални прилики. Viber напоменува дека корисниците ќе забележат и изненадувања во разговорите со славениците, што веројатно значи дека ќе има некоја посебна налепница, фотографија или нешто слично, со цел да им го честитаат роденденот на другите корисници на поинаков начин. И двете од овие опции можете да ги најдете во опцијата Explore што се наоѓа на дното на екранот.

Можеби најважната новина е тоа што е олеснет начинот на пребарување медиумска содржина. Ќе приметите различен интерфејс откако ќе пристапите до медиумската содржина, како што се фотографии и снимки, а тој е дизајниран значително да му помогне на корисникот да ги пронајде информациите што ги бара во одреден разговор или група. Сега на врвот се наоѓаат типови на податоци, каде можете да ги најдете вашите податоци, линкови, GIF-ови и друга содржина преку едноставна селекција.

Пребарувањето податоци во групите со голем број членови може да биде тешка задача, особено кога не го знаете точното име на тие податоци или не сте сигурни што точно барате. Ако знаете кој го испратил податокот што го барате во таа група, можете да изберете Viber да ви ги прикажува само медиумските содржини што таа личност ги испратила во таа група.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.