x

Новиот Apple Watch 2 ќе биде претставен во јуни

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 20 Ноември, 2015 од GSM.mk

Apple одлучи да ги израдува своите потрошувачи со уште еден нов уред. Станува збор за новиот Apple Watch, кој би требало да излезе во јуни.

Оваа информација ја објави компанијата која го застапува Apple во Тајван, велејќи дека новиот модел ќе излезе за седум месеци. Новиот уред ќе има подобра и поголема батерија и понапредна предна камера. Изгледот, големината и резолуцијата ќе останат исти, но ќе има потенок и поостар OLED дисплеј, пишува DigiTimes.

Се очекува дека Apple ќе направи и поскапи верзии од титаниум и платина, кои ќе чинат помеѓу 1.000 и 10.000 долари, колку што би требало да чини и часовникот од златната серија.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.