x

Новиот асистент на Verizon изгледа толку реалистично што ќе посакате да не постои!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 17 Март, 2019 од GSM.mk

Новата 5G технологија поставува нови стандарди и нови изуми - некои подобри, некои пострашни...

Verizon сподели на социјалните мрежи како дигитална човечка комуникација е оживеана, благодарение на 5G технологијата. Иако тоа звучи одлично, има само еден проблем - дигиталната Lia изгледа толку реално, што голем дел од корисниците почнуваат да се плашат како ќе изгледа виртуелниот свет во иднина и дали воопшто ќе можеме да ги одвоиме реалните од нереалните работи.


Во меѓувреме, Verizon продолжи да се фали со способностите на својата дигитална Lia, која може да се користи само со 5G технологија. Имено, Lia може да се користи како персонален асистент, како агент за патување и многу други користи. Виртуелната жена беше креирана во соработка со Soul Machines, а ако видеото подоле не ви изгледа страшно, тоа е бидејќи 5G можностите сеуште не се претставени во својот целосен капацитет. Станува збор само за демо видео.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.