x

Новиот буџетски смартфон на Samsung ќе има три камери!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Февруари, 2020 од GSM.mk

Galaxy A серијата има уреди од средната класа кои доаѓаат со различни цени и се достапни за сите. Новиот модел во оваа серија ќе биде A70e:

Следејќи ги чекорите на А70 и A70s, новиот уред ќе има дисплеј со notch. Но, со цел да има пониска цена, Infinity-U панелот е заменет со Infinity-V алтернатива која е придружена и со подебели рамки. Самиот дисплеј е истотака помал, околу 6.1 инч, наместо 6.7 инчи. Истотака, скенерот под дисплеј ќе биде отстранет и ќе се наоѓа на задниот дел.

Заедно со скенерот, на задниот дел ќе има вертикален систем камери во горниот лев агол, каде ќе се наоѓаат три сензори. Нивните резолуции во моментот не се познати. Датумот на негово претставување сеуште не е познат. 

Samsung's next budget smartphone has a triple-camera setup


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.