x

Новиот Gmail сега достапен на Android и iOS

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 01 Март, 2019 од GSM.mk

Како што беше најавено и претходно, Google во изминатиот период напорно работеше на новиот дизајн на апликацијата Gmail за мобилни уреди..

Со актуелниот апдејт, во апликацијата ќе биде имплементиран нов Material Design, кој на корисниците ќе им донесе попрегледно и посветло, односно почисто мени.

Освен дизајнерски, односно визуелни подобрувања, новиот Gmail претрпе и неколку други промени. Со последната верзија тој презема многу опции од сервисот за електронска пошта Inbox by Gmail.

Една од највпечатливите измени доаѓа во начинот на прикажување на мејловите, како и прегледот на дополнителната содржина која се наоѓа во мејловите, како документи, линкови, фотографии и слично. Во новата верзија, тие можат да се видат директно од инбокс менито.

Апликацијата Inbox by Gmail ќе биде исклучена од употреба до крајот на март 2019 година, а омилените функции од неа корисниците ќе можат да ги најдат во апдејтуваниот, редизајниран Gmail.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.