x

Новиот iOS 10 ќе ви ослободи речиси 5GB на вашиот iPhone

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 12 Септември, 2016 од GSM.mk

Супер вест за оние од вас кои се праисториски корисници на iPhone со 16GB, како и сите кои страдаат од оние досадни "Not Enough Storage” нотификации секогаш кога ќе се обидат да направат фотка.

Apple го најави iOS 10, а помеѓу фенси новитетите, една работа се издвојува: можноста да се ослободат речиси 5GB скапоцен простор. Оу је, малку простор за телефонот да диши и за работите кои ви се важни.

Што е финтата?

Oд најраната ера на човештвото, Apple не затрупа со преинсталирани апликации од кои не можеме да се отарасиме. Stocks? Tips? Compass? Не само што се бескорисни, туку не можат ни да се отстранат. До сега. iOS 10 конечно ќе овозможи да се остранат овие глупости.

Кога ќе си го апдејтирате телефонот на iOS 10 (обележете си во календар: iOS 10 излегува на 13-ти септември), погледнете ги Stocks, Tips, Game Center, Mail, Maps, News, Newsstand, Apple Music, Find Friends, Apple Watch, Reminders и Compass и прашајте ги: Што имаш направено за мене во последно време? Aко се одлучите да се отарасите од сите нив, ќе ослободите речиси 5GB простор.

За сега, нема да можете да ги избришете преинсталираните апликации како Safari и Healt, но еј, здравјето е важно.  Health може да остане.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.