x

Новиот iPad е одличен, но има само една маана!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 12 Септември, 2019 од GSM.mk

Меѓу останатите уреди, Apple на 10 септември претстави и нов iPad..

Станува збор за "7-мата генерација iPad" со цена од 333 долари. Овој таблет има поголем дисплеј и поддршка за Smart Keyboard, заедно со Apple Pencil поддршката.

Со своите спецификации, овој уред може да биде одлична замена за лаптоп, бидејќи е моќен, брз и практичен. 

Сепак, една негативна карактеристика е што доаѓа со  Apple A10 Fusion - истиот процесор кој се наоаѓа во iPhone 7 и заборавениот 10.5 инчен iPad Pro. Се разбира, малку е променет, бидејќи има нова и подобрена Apple A10X верзија. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.