x

Новиот iPhone 13 ќе добие поголема батерија

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Јуни, 2021 од GSM.mk

Кога станува збор за најновите модели на iPhone, Apple не направи драстични измени на батериите.

iPhone 11 Pro има батерија од 3.046 mAh која според фабричките спецификации може да трае до 18 часа, додека iPhone 12 Pro доби батерија од 2.815 mAh која трае 17 часа.

Но, ова нема да биде случај кај долгоочекуваниот iPhone 13. Типувачот L0vetodream објави информација дека батериите на претстојните уреди ќе бидат поголеми и подобри од оние на актуелните модели.

Според новите информации, iPhone 13 mini ќе го напојува батерија од 2.406 mAh, iPhone 13 и iPhone 12 Pro би требало да добијат батерија од 3.095 mAh, a iPhone 13 Pro Max, според најавите, би требало да добие одлична батерија од 4.352 mAh.  

Се шпекулира и дека ќе претстават модел со меморија од 1 TB.


Сепак, кога станува збор за уредите на Apple, сите информации ги земаме со резерва, па останува да почекаме до септември.


Извор: Кајгана.мк


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.