x

Новиот iPhone ќе има слот за две СИМ картички и ќе чини 550 долари

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Април, 2018 од GSM.mk

Apple се очекува да претстави три нови смартфони наесен, при што два од нив ќе имаат OLED дисплеи, додека другиот модел ќе биде поевтин и ќе понуди LCD панел.

Сега се појавија повеќе детали за евтиниот уред, објавени од популарниот аналитичар Минг-Чи Куо од „КГИ секјуритис“. Според него, 6.1-инчниот смартфон што го подготвува Apple, исто така, ќе биде достапен во верзија со две СИМ-картички. Ова ќе им олесни на многу корисници и е карактеристика што не сме ја виделе порано на iPhone уредите.

Податоците откриваат дека компанијата, исто така, ќе продава стандардна верзија која има само еден слот за СИМ картичка, информира „9ту5мек“. Тоа значи дека претстојниот смартфон нема да го поддржи стандардот „eСИM“.

Новиот 6.1-инчен модел ќе се продава по пазарна цена од 550 до 650 долари. „КГИ секјуритис“ верува дека верзијата со две СИМ-картички ќе биде достапна за купувачите за 650 до 750 долари и ќе им помогне на Apple да го прошири своето влијание на клучни пазари, како што се Индија и Кина.

Компанијата планира да продаде помеѓу 100 и 120 милиони единици на овој модел од неговата премиера до третиот квартал на 2019 година. Останатите два паметни телефони што ги очекуваме се 5.8-инчен наследник на iPhone X и поголем iPhone X Plus модел кој најверојатно ќе има 6.5-инчен дисплеј. Се чини дека конкуренцијата на пазарот на паметни телефони ќе биде прилично жестока во последните три месеци од годината.

Apple ќе ја одржи годишната ВВДЦ конференција во почетокот на јуни, кога ќе можеме да дознаеме повеќе за претстојните смартфони.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.