x

Новиот паметен часовник на Apple пристигнува следниот месец!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 18 Август, 2019 од GSM.mk

Паметните часовници на Apple несомнено доживеаа голем успех. Уредот е најпопуларен часовник во светот со глобална продажба од 5.7 милиони единици...

По него, следен на листата е Samsung кој имаше речиси двојно помала продажба од само 2 милиони единици на глобално ниво за истиот период. Истотака, доминацијата на Apple часовниците не е само кај паметните часовници - во последниот период од 2017 година, Apple Watch имаше поголема продажба од речиси целата индустрија на часовници. Тука спаѓаат неколку брендови кои веројатно ги знаете, како Rolex и Swatch.

Според новите информации, Apple Watch Series 5 серијата ќе биде претставена следниот месец, истовремено со новите iPhone модели. Сега за сега, точниот датум на претставување изгледа дека ќе биде 10 септември. 

Аналитичарите сметаат дека нема да има големи разлики меѓу Watch Series 4 и Watch Series 5. Една од популарните функции, која се покажа од голема помош е ECG скенерот. Оваа функција дефинитивно ќе ја видиме и кај новите уреди. Останува да видиме што друго ќе биде ново.

WatchOS 6 will have an independent App Store - Top analyst says Apple's next big wearable product will be unveiled next month


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.