x

Новиот Redmi Note 10 ќе има камера од 108 MP

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Октомври, 2020 од GSM.mk

За претстојниот смартфон Redmi Note 10 кружат гласини веќе некое време, а сега се објавени некои детали.

Неодамна е објавен рендерот кој го открива изгледот на смартфонот Redmi Note 10, а Digital Chat Station откри некои спецификации.

Познато е дека уредот го придвижува Qualcomm Snapdragon 750G процесор и камера од 108 MP. Верзијата со пристапна цена ќе има MediaTek Dimensity 720 процесор и главна камера од 48 MP.

Поскапиот модел ќе го напојува батерија од 4.800 mAh. Засега нема информации за тоа кога ќе бидат претставени овие уреди. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.