x

Новиот Samsung Galaxy Tab S4 ви помага да завршите повеќе обврски, без разлика каде се наоѓате

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 07 Август, 2018 од GSM.mk

Со Самсунг ДеЕИкс, долготрајна батерија и подобрено “С“ пенкало, Galaxy Tab S4ја олеснува продуктивноста и овозможува неверојатна забава – во секое време, каде и да се наоѓате

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) го претстави Самсунг Галакси Таб С4 (Samsung Galaxy Tab S4) -новиот 2 во 1 Андроид таблет дизајниран за луѓе кои сакаат да го искористат секој миг и да завршат повеќе работни обврски без разлика на тоа каде се наоѓаат – во домот, на работа, или на било која друга локација. Самсунг Галакси Таб С4 овозможува корисничко искуство кое помага при попаметно работење, одржувајќи го работниот перформанс на највисоко ниво. Со модерен дизајн, извонреден екран, четири звучници и подобрени функции за забава, Самсунг Галакси Таб С4 е совршен уред за оние кои имаат потреба од пренослив уред - таблет со можности и карактеристики како компјутер.


Ние во Самсунг веруваме дека таблетите играат важна улога во олеснувањето на животот и подобрувањето на мобилното искуство за сите. Со Галакси Таб С4 претставуваме премиум таблет, опремен со Самсунг ДеЕИкс (Samsung DeX) кој им помага на корисниците да го дадат најдоброто од себе, без разлика каде и да се наоѓаат. Со нетрпение очекуваме да им овозможиме на нашите корисници чувство на слобода и удобност, знаејќи дека ова ново надополнување на нашиот екосистем од поврзани уреди е исто така составен од функции кои ќе им помогнат да внесат забава во своето секојдневие. – изјави ДЈ Кох (DJ Koh),Претседател и Извршен Директор во Самсунг Електроникс.

Продуктивност со помош на Самсунг ДеЕИкс и “С“ Пенкало

Со Галакси Таб С4, Самсунг за прв пат овозможува користење на Самсунг ДеЕИкс (Samsung DeX) со таблет. Новиот Галакси Таб С4 овозможува користење на Самсунг ДеЕИкс со поврзување на “Book Cover Keyboard“ тастатурата во облик на футрола (во продажба поединечно) или со лансирање преку панелот за брз пристап (Quick Panel), притоа овозможувајќи им на корисниците да одберат Андроид изглед или десктоп искуство. Со помош на Самсунг ДеЕИкс, можете да отворите повеќе апликации кои наликуваат на оние на персоналните компјутери, вклучувајќи ги и Андроид апликациите и Мајкрософт Офис (Microsoft Office) пакетот, директно на Галакси Таб С4. По потреба овие прозори исто така може и да се намалат или зголемат, а содржината можете да ја повлекувате и “пуштате“ (drag&drop)од една на друга апликација, а воедно, можете да користите и кратенки и команди преку тастатура. Доколку е потебен поголем екран, постои можност новиот Галакси Таб С4 преку Самсунг ДеЕИкс да се поврзе со надворешен екран со користење на компатибилен “HDMI“ кабел со УСБ-Ц адаптер со повеќе влезови. Вака поврзан, Самсунг Галакси Таб С4 може да се користи за следење на активност или како уред за скицирање, и како новина, Самсунг Таб С4 може да продолжи да работи како целосно функционален Андроид таблет, овозможувајќи им на корисниците два екрани за завршување на задачите. Сега е многу полесно да се работи на повеќе задачи истовремено и да се соработува со колегите во изработка на документи во реално време.


Без разлика дали се наоѓате на работното место, во домот, или сте во движење, Галакси Таб С4 ве следи во секој чекор со помош на батеријата со капацитет од 7,300mAh која овозможува до 16 часа видео репродукција. Дополнително, со Самсунг Кнокс (Samsung Knox), платформата на Самсунг за заштита и мобилна безбедност, корисниците и компаниите може да бидат сигурни дека нивните доверливи информации се заштитени на неколку нивоа во рамки на самиот уред. За зголемена продуктивност, Компаниите може да го адаптираат интерфејсот за вработените во согласност со нивните деловните потреби. 

Самсунг “С“ Пенкалото (S Pen) пристигнува во самото пакување со Галакси Таб С4 за да ги задоволи потребите за уште поголема продуктивност.Со негова помош, корисниците може да уживаат изразувајќи ја креативноста и комуницирајќи на одличен начин. “С“ Пенкалото овозможува запишување на белешки и кога корисникот е во движење, со помош на “Screen-Off Memo“ функцијата. Воедно, на едноставен начин, преку функцијата “Samsung Notes“, може да се прелистуваат, преведуваат и организираат белешките и дополнително, да се испраќаат персонализирани пораки преку “Samsung Live Message“ – сѐсо помош на “С“ Пенкалото.

Екран за секоја работна задача – или филм

Поедноставно е да завршите повеќе работни задачи кога го имате вистинскиот екран. Дури и најзафатениот професионалец наоѓа време за опуштање преку играње игри или гледајќи филм. Сега, корисниците може да уживаат во уште поневеројатно искуство со помош на уред кој може да го понесат со себе насекаде каде што одат. Со големина слична на Галакси Таб С3, новиот Галакси Таб С4 има помали рамки и 10,5 -инчен екран со Супер АМОЛЕД (Super AMOLED)технологија, како и сооднос на екранот 16:10 сорезолуција на сликата од 2560x1600, 287пиксели на инч (pixels per inch - PPI)за јасни, живописни детали и реални визуелни прикази.Галакси Таб С4 пристигнува со 4 звучници од АКГ (AKG)и Долби Атмос (Dolby Atmos®) - неверојатната звучна технологија, ставајќи го корисникот во центарот на акцијата и овозможувајќи целосно уживање во содржините кои ги гледа. Со помош на Долби Атмос(Dolby Atmos®), Галакси Таб С4 поддржува совршен дијалог, заоблување на звучните полиња, максимизирана гласност без дисторзија и постојана репродукција на јачината на звукот.

Подобрена поврзаност за полесен животот

Галакси Таб С4 има нови и подобрени можности дизајнирани за да управуваат со поврзаните уреди, во чекор со животниот стил на корисникот. Самсунг Флоу (Samsung Flow) им овозможува на корисниците едноставно да управуваат со сите свои уредипреку беспрекорно поврзување и пренесување на датотеки, задачи и известувања. Апликацијата“SmartThings на Галакси Таб С4 помага при следење и контролирање на паметните уреди во домот директно од таблетот. Дополнително, со помош на апликацијата “Daily Board“ е овозможен приказ на омилените фотографии и секојдневни информации како временска прогноза, календар и часовник на едно место, со едноставно пристапување.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.