x

Новиот Samsung смартфон на преклоп ќе биде многу поевтин од Fold

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Декември, 2019 од GSM.mk

Технолошката компанија Samsung веќе работи на нов телефон на преклоп кој ќе биде претставен во февруари, 2010 година.

Се очекува овој модел да биде многу поевтин од моделот Galaxy Fold.

Извори блиски до јужнокорејската компанија за „The Korea Herald“ рекоа дека смартфонот ќе има „шарка“ слична на онаа што ја има неодамна претставениот Motorola Razr, а цената ќе изнесува 845 долари.

Тоа значи дека ќе биде значително поповолен од Galaxy Fold кој чини 1.980 долари.

Овој смартфон, за кој се шпекулира дека ќе има 6,7-инчен екран, ќе се појави во почетокот на следната година, заедно со новиот флегшип Galaxy S11 кој ќе чини 1.000 долари.


Извор: https://kajgana.com/

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.