x

Новите фотографии од Honor 10 покажуваат силна сличност со Huawei P20

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Април, 2018 од GSM.mk

Иако според првите информации Honor 10 го очекувавме на 15 мај, изгледа дека компанијата ќе го претстави малку порано од очекуваното, на 19 април.

Изгледа дека претставувањето на Honor 10 е поблиску од очекувано, а првите официјални фотографии кои се појавија од уредот го потврдуваат тоа. Најпрво, уредот ќе биде достапен во три бои: црна, сина и зелена, а подоцна ќе добиеме и други верзии. 

Huawei P20 Pro & P20


Honor 10


Во дизајнот, Honor 10 наликува на поевтина верзија на Huawei P20. Иако нема информации за неговата цена, Honor 10 дефинитивно ќе биде поевтин од Huawei P20, кој чини околу 750 долари. Она што знаеме е дека ќе доаѓа со моќен процесор, Kirin 970, придружен од 4GB или 6GB RAM. Ќе работи на батерија од 3,320 mAh. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.