x

Новите фотографии откриваат интересни детали за iPhone 11 и iOS 13

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Мај, 2019 од GSM.mk

Само четири месеци пред претставувањето на iOS 13 и iPhone 11, YouTube каналот EverythingApplePro сподели речиси се што треба да знаеме за новите производи на Apple..

iPhone 11 и iPhone 11 Max, исто како и iPhone X и XS, ќе доаѓаат со големи AMOLED панели од 5.8 и 6.5 инчи. Повторно, ќе биде присутен notch и минимални рамки. Од друга страна, Apple подготвува промени и подобрувања на Face ID системот.

Преминувајќи на задната страна, најголемата промена дефинитивно ќе биде кај системот камери. Новите модели ќе имаат трета камера од 12 мегапиксели со широкоаголна леќа. Се зборува дека компанијата планира да додаде оптичка стабилизација на сите три задни сензори. Камерите ќе бидат придружени и од подобрен LED блиц.

Apple iPhone 11 & 11 Max CAD-based renders

Покрај променетиот дизајн, новите iPhone модели ќе доаѓаат и со iOS 13. Една од најочекуваните функции со новиот оперативен систем е Dark Mode. Истотака, ќе има подобрувања на Siri и целосно подобрено софтверско искуство за корисниците.

Apple iPhone 11 & 11 Max CAD-based renders

Како и секоја година, новите модели, заедно со iOS 13, ги очекуваме во септември.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.