x

Ново работно место: Може да ве плаќаат да шпионирате туѓи профили на социјални мрежи!

Категорија: Забава Објавено на 19 Април, 2019 од GSM.mk

Доколку поминувате долго време на социјалните мрежи гледајќи туѓи профили, го пронајдовме совршеното работно место за Вас..

Andy Bartram, од Англија, Мејдстоун, започнал сопствена агенција за истражување со која ќе ги лоцира сите лажни профили на социјалните мрежи и ќе ја зголеми безбедноста на корисниците. "Како аналитичар сум извршил голем број вакви анализи и пребарувања и гледајќи ја "Catfish" емисијата на MTV, сфатив дека би била одлична идеја да започнам ваков проект за социјалните мрежи" - изјави Bartram. 

Иако секој може да го прави тоа, тој смета дека доколку ви е потребна помош за истражување на нечиј профил сепак попрво би вработиле професионалец. Bartram има поминато голем број години како криминален аналитичар и има поминато полициска обука.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.