x

Nubia Alpha: Паметен часовник со кој може да правите селфи

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 04 Март, 2019 од GSM.mk

Телефоните на преклопување се најголем тренд оваа година, но Nubia претстави малку поразличен уред со други уникатни функции..

Наречен Nubia Alpha, овој уред има уникатен дизајн со челична конструкција и голем OLED дисплеј. Со својот 4 инчен панел, ова е еден од паметните часовници со најголем екран во светот. Слично како кај Samsung Gear S, и овој гаџет има флексибилен дисплеј.

The Nubia Alpha is a wearable phone that can also take selfies

The Nubia Alpha is a wearable phone that can also take selfies

Како што рековме погоре, Nubia го промовира уредот како телефон кој може да го носите на вашата рака и има потенцијал да го замени вашиот смартфон. Ова значи дека ја поддржува најновата eSIM технологија, која дозволува 4G повици и праќање на пораки. Nubia Alpha истотака поддржува Bluetooth и WiFi поврзаност.

Се разбира, телефон не би бил телефон без камера, или барем можност да прави селфиња. Затоа, Nubia го снаби овој гаџет со 5 мегапикселна камера веднаш до дисплејот. Правењето слика е само со еден клик на екранот. Истотака, Nubia Alpha има 8GB меморија, која дозволува правење до 6,000 слики, 2,000 кратки видеа и 1,000 песни.

The Nubia Alpha is a wearable phone that can also take selfies
Како и повеќето паметни часовници, Nubia Alpha нуди и низа фитнес функции со кои можете да го следите вашето здравје и активностите во текот на денот. Официјално ќе биде достапен во Кина на почетокот од април. Верзијата само со Bluetooth е достапна во црна боја и чини 449 евра, додека другата верзија чини 549 евра. Последно, постои и трет модел, изработен од злато и има цена од 649 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.